Спуштени плафони 2026: рамен плафон 20 €/м² труд (35 €/м² со материјали), LED каскада 25–30 €/м² труд (45–55 €/м² со материјали). Бесплатна проценка: 078 338 208.
Колку чини спуштен плафон во Македонија 2026? Во оваа статија давам реални цени по м² за рамни плафони, LED каскади и плафони со изолација — со пример пресметка за соба 20м².
Цени за Спуштени Плафони 2026
Цените подолу се реални работни цени со Knauf/Rigips плочи и Forming DOOEL профили.
| Тип на плафон | Труд | Вкупно со материјали |
|---|---|---|
| Рамен спуштен плафон | 20 €/м² | 35 €/м² |
| LED каскада (едно ниво) | 25–30 €/м² | 45–55 €/м² |
| Надоплата за звучна изолација | +1,5–2,5 €/м² | зависи од материјал |
| Надоплата за топлотна изолација | +3,5–5,5 €/м² | зависи од дебелина |
| Криволиниски форми / арки | По договор | По договор |
Забелешка: Цените за труд не ги вклучуваат LED лентите и рамките — тие се дополнителни материјали. Knauf/Rigips плочи и Forming профили можам да ги набавам јас или клиентот.
Рамен или LED Каскада Плафон?
Рамен спуштен плафон е идеален за маскирање инсталации, подобрување на изолацијата и давање чист, модерен изглед. Наједноставен и наjevтин вид.
LED каскада го трансформира просторот со директно и индиректно осветлување. Особено популарна во дневни соби, спалните и ресторани. Дизајнот на каскадата се договара пред почеток.
Во Тетово, Скопје и Гостивар работиме и двата вида — даваме предлог за дизајн врз основа на вашиот простор и буџет.
Пример: Колку чини плафон во соба 20м²?
- Рамен плафон 20м² × 20 € труд = 400 €, со материјали ~700 €
- LED каскада 20м² × 25–30 € труд = 500–600 €, со материјали ~900–1.100 €
- Рок: рамен 1–2 дена, каскада 2–4 дена
На проценката давам фиксна понуда со точно мерење на вашата соба.
Зошто Knauf и Rigips?
Knauf и Rigips се стандард во Европа и Македонија — сертифицирани плочи со гарантирана квалитет, права форма и рамна површина. Forming DOOEL Скопје е локален производител на профили со конкурентна цена и достапност.
- Стандардна плоча 12.5мм: 380–500 ден
- Водоотпорна (зелена) 12.5мм: 550–750 ден
- CD 60/27 профил (3м): 150–250 ден
- UD 27/27 профил (3м): 120–200 ден
Често Поставувани Прашања
Прочитај повеќе: Спуштени Плафони · Гипс Картон Цена · Водич